ЗАЕВ НА РАБОТНА АГЕНДА ВО СОФИЈА СЕ СРЕТНА СО НЕГОВИОТ ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ БОЈКО БОРИСОВ

0
1050

🇲🇰🇧🇬 Нашите народи се многу блиски и насочени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите.

Работната агенда во Софија ја започнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Boyko Borissov, со кого изразивме желба како континуитет на претходните позитивни искуства, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.

Софија има особено значење за македонската интеграција бидејќи токму тука беа поставени контурите на Договорот од Преспа за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година.

Како чекор кон градење на пријателството и довербата е добредојдена идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од двете земји, за да разговараат за заедничката иднината. Тоа е наша обврска како политички лидери – да бараме решенија за младите и нивната иднина.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.