ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: СЈО И ПРЖИНСКАТА ВЛАДАТА БЕА АЛАТКИ СО ЧИЈА ПОМОШ СТРАНЦИТЕ ЈА СРУШИЈА ВЛАСТА НА ВМРО ДПМНЕ

0
1838

Новинарот Столе Наумов и даде 10 минути на пратеничката Дафина Стојановска да ја лаже јавноста за тоа што беше СЈО и што беше пржинската влада. Жената се понашаше како да е падната од марс и да не чула за тоа дека во Груевизмот земјата беше заробена држава, она што го слушнавме во бомбите на Заев беше страшно за спрегата на судството власта медиумите и обвинителството.

– СЈО и пржинска влада беа за една употреба, нивната цел беше со помош на странците да се сруши власта на ВМРО ДПМНЕ.

Со оваа изјава на емисијата Стадион на радио канал 77, пратеничката Дафина Стојановска практично кажува дека ова ВМРО ДПМНЕ нема ништо научено од грешките од Груевизмот и дури сметаат дека треба да се гордеат со таа неславна и срамна ера за земјата?!?!