Фросина Ременски открива зошто се разболе КОКОШКАТА од МВР : Анета Станчевска е помагач и соизвршител на кривични дела против службената должност во МВР

0
5634

Помошникот на министерот за внатрешна контрола, извршува права и обврски согласно Устав, законите од областа на внатрешните работи и подзаконските акти посебно за Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Секторот за внатрешна контрола утврдува:
1. Незаконито постапување, злоупотреба или пречекорување на овластувањата на полициските службеници …;
2. Внатрешна контрола, заради утврдување на вистинитоста на наводи и утврдување одговорност (и кривична) на работниците во сите случаи на нивно незаконито постапување…;
3. Контрола за почитување на професионалните стандарди и процедурите за постапување во полициското работење…;
Секторот за внатрешна контрола постапува врз основа на:
– претставки од граѓани;
– поднесоци/барања од вработени во МВР;
– по наредба на министерот; и,
– по сопствени информации, сознанија и податоци (по службена должност);
———————————————————————————
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди раководен од Анета Станчевска од 2008 година до денес, во непобитната и неоправдана партиска зависност од врвот на МВРО/ДПМНЕ во ниту еден случај (поправете ме ако грешам), што предизвика јавен интерес и го загрози угледот на МВР, не поведе внатрешна истрага по службена должност, за да ја демантира стручната јавност во она што беше очигледно кршење на законите и процедурите од вработени во МВР и од самото МВР како институција.
——————————————————————————–
Не одговори на клучните прашања, меѓу кои – дали во сите постапување на МВР се почитувани Стандардните оперативни процедури (СОП) како алфа и омега на организирањето и водењето на истражните дејствија и полициските работи, во случајот со:
– Мартин Нешковски (
– Хеликоптерската несреќа во Струмица;
– Случајот Никола Младенов;
– Љубе Бошковски;
– Смиљковско езеро;
– Детонатор;
– Диво насеље;
– ПС ОДГ Гошинце;
– 24.12.2012 (Црниот понеделник);
– Незаконското следење на комуникациите;
– МВРО – ВМРО штабот;
– 27.04.2017 (Крвавиот Четврток);
– и други.
———————————————————————————
Со чинот на површно или целосно нецелосно постапување на Секторот, со прикривање на докази за незаконско постапување на вработени во МВР и учесници во споменатите и други неспоменати случаи за задолжително постапување на СВКПС, со доказите за партиски нарачки од министер за толеранција на противзаконско постапување и злоупотреба на овластувања во политички цели, како и свесното пропуштање и занемарување на настани кои директно влијаат на рушење на угледот и имиџот на полицијата како „заштитник и сервис на граѓаните“’ – Анета Станчевска е помагач и соизвршител на кривични дела против службената должност и овластување и основано осомничена за прикривање и помагање во уништување на докази за сторени кривични дела од страна на вработени во МВР.
——————————————————————————–
Назначената замена за Анета Станчевска, која треба да ја сработи „пропуштената“ обврска за службено постапување за настаните од 27.04 во Собранието на РМ (учество на службени лица на МВР во Собранието, почитување на стандардните оперативни процедури и др.), треба да го земе во обработка и постапувањето, односно непостапувањето на Анета Станчевска по службена должност во периодот пред боледувањето (27.04-03.05).

Фејсбук статус на Фросина Ременски