(ВИДЕО) Николовски: Директорката на Платежната агенција си го вработила братот во агенцијата

0
1367

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство:

Почитувани граѓани,

Според последните информации директорката на Платежната агенција, најконтроверзната и скандалозна институција преку која милиони евра се одлеваат во џебовите на фамилијата на власт, си го вработила братот во агенцијата.

Дали овој нов пример за непотизам е награда од премиерот во заминување Никола Груевски за нејзината послушност и сервилност на штета на вистинските земјоделци?

Преку оваа нетранспарентна и контроверзна институција Груевски и неговите марионети, со народни пари, бесрамно ги уценуваат и ги манипулираат над 200.000 гласачи, бидејќи за него земјоделците се само ливчиња во гласачките кутии.

Директорката на агенцијата, Биљана Вуковиќ е обичен извршител на Никола Груевски и фамилијата на власта во заминување.

Нејзините правдања за партиската дискриминација на земјоделците во поделбата на субвенциите, не е смешно туку жално за голем број земјоделци кои и по неколку години не добиваат субвенции бидејќи не ја поддржуваат криминалната власт во заминување. На овие земјодлеци намерно им се прават административни грешки за да не добијат субвенции.

На сите овие злоупотреби наскоро им доаѓа крајот. Секој што го прекришил законот ќе одговара. Доаѓаат промени, доаѓа победа на правдата и вистината.