„ШАОМИ” ЈА ЗГОЛЕМУВА ПРОДАЖБАТА ВО ИНДИЈА ВО ОБИД ДА ГО СИМНЕ „САМСУНГ” ОД ТРОНОТ ВО ТАА ЗЕМЈА

0
472

Кинескиот технолошки гигант „Шаоми” ќе се фокусира на зголемување на продажбата во Индија од малопродажните места, откако претходните неколку години поголемиот фокус го имаше на онлајн продажбата, соопшти нејзиниот директор од Индија. Компанијата се обидува да ја оживее продажбата на паметни телефони откако според официјалните податоци се покажа дека заостанува зад јужнокорејскиот „Самсунг”, пренесува „Ројтерс”.

Онлајн продажбата во Индија преку „Амазон” и „Флипкарт” на „Волмарт” се зголеми во последниве години, помагајќи им на „Шаоми” и другите да се прошират на еден од најбрзо растечките пазари во светот, со 600 милиони корисници на паметни телефони.

„НАШАТА ПОЗИЦИЈА НА ПАЗАРОТ ВО ОФЛАЈН Е ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА ОД ОНАА ШТО Е ОНЛАЈН“, РЕЧЕ ШЕФОТ НА ШАОМИ ЗА ИНДИЈА, МУРАЛИКРИШНАН Б. „ОФЛАЈН Е МЕСТОТО КАДЕ ШТО ИМАТЕ ДРУГИ КОНКУРЕНТИ КОИ ФУНКЦИОНИРААТ ПРИЛИЧНО ДОБРО И ИМААТ ПОГОЛЕМ УДЕЛ НА ПАЗАРОТ“.

Само 34% од продажбата на единиците на „Шаоми” во Индија оваа година доаѓа од продавниците на мало, а остатокот преку веб-страниците кои долго време беа доминантен генератор на продажба. За разлика од тоа, „Самсунг” добива 57% од продажбата од продавниците.

„Шаоми” планира да ја прошири својата мрежа на продавници надвор од сегашните 18.000 и сè повеќе да соработува со продавачите на телефони за да понуди други производи, како што се нивните телевизори или безбедносни камери, каде што Мураликришнан рече дека конкуренцијата е помалку интензивна.