(ФОТО)Николовски: Никој нема да манипулира со вистинските земјоделци

0
1188

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Татјана Прентовиќ, претседателот на Комисијата за одбрана Максим Димитриевски и претседателот на Комисија за локална самоуправа Дејан Павлески беа помеѓу граѓаните на Ресен.

Земјоделците од Ресен и ресенско се пожалија на проблемите со селективното доделување на субвенциите и ненавремената исплата, на ниските откупни цени на јаболкото како и на манипулациите на Груевски и фамилијата со земјоделското земјиште.

Николовски 1

Ниски откупни цени за јаболкото, нема пласман. Мака мачиме. И земјата е проблем, наместо кај вистинските земјоделци земјата завршува кај луѓе блиски до власта по што се прават бројни злоупотреби со субвенции, рекоа земјоделците.

Николовски ги слушна проблемите на јаболко-произведувачите од овој регион и рече дека ќе продолжи да работи во интерес на сите земјоделци.

-Не може веќе никој да манипулира со вистинските земјоделци. Веќе не сте сами, ние сме тука за вас. Субвециите мора редовно да се исплаќаат, се што е во наша надлежност ќе истражиме до крај и ќе ги превземеме сите мерки, рече Николовски.

Тој потенцираше неколку мерки од Програмата на СДСМ кои што значително ќе им помогнат на сите земјоделци.

Николовски 3

-СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра годишно, заеднички ќе се договараат откупните цени, ќе има ревизија на државното земјоделско земјиште и негово доделување на вистинските земјоделци, рече Николовски пред присутните.

Бенифициран работен стаж, зелената нафта, државна помош за отварање на производни капацитети, интервентен фонд од 3 милиони евра при пониски откупни цени на производите се само дел од многуте мерки во програмата на СДСМ за коишто зборуваше претседателката на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Татјана Прентовиќ.

Николовски 4

Ресенчани дадоа огромна поддршка на централното раководство на СДСМ во истрајноста и посветеноста за обезбедување на сите услови  за фер, слободни и кристално чисти избори.Избирачкиот список мора да биде прочистен а медиумскиот простор да биде слободен.

Македонија чекори кон промени и промените ќе се случат на следните слободни, фер и демократски избори.

Николовски 6