ТВ АЛФА СО ФОТОГРАФИЈА ОД 2018-ТА ГО КЛЕВЕТИ БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ ДЕКА ГИ ПРЕКРШИЛ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА!

0
921
Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулација на граѓаните.
Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји.

Очекувам од ТВ Алфа во сите останати изданија на нивните вести во текот на денов да се извинат за ширењето на оваа лажна вест.

Време е да се стави крај на ширењето лажни вести.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Штип, Благој Бочварски.