Мето Колоски, лажен патриот по КЕШ ТАРИФА

0
1681

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, освен набројаните бизниси за квалитетна провизија со израелската компанија ЕЛБИТ и сопствениците на шпијунскиот софтвер Фин Фишер, има развиено и бизнис со македонскиот патриотизам. Во дијаспората постои лажната патриотска организација Обединета Македонска Дијаспора, раководена од лажниот патриот Мето Колоски. Антонио и Мето измислиле профит преку наплата на македонски патриотизам по тарифник за кој квалитетно им се плаќа од доаѓањето на Никола Груевски на власт.

metokoloski
Веднаш по победата на ВМРО ДПМНЕ на јулските избори 2006. и по седнувањето на Антонио Милошоски во фотелјата во министерството за надворешни работи, воспоставена е интензивна маил комуникација со американско-македонската организација со триумфално име, Обединета Македонска Дијаспора. Во реалноста нема никаков триумф во работењето на ОМД со американскиот Македонец Мето Колоски на чело. Суштински, оваа организација е измислена за цицање кеш пари од македонскиот буџет, со амин на новопечениот министер за надворешни работи во тоа време, Антонио Милошоски. Неколкумесечните подготовки на менторот Милошоски и послушникот Колоски, резултираат со два договори на Владата на РМ на почетокот на 2007. година, со две лоби куќи, едната европска „Вебер Шендвик„ и другата американска „Квин Гилеспи„. Номинално, договорите со две лоби куќи се потпишани за лоби ангажман на полето на евро и НАТО интеграциите, како и ангажман на овие лобисти околу решавањето на спорот со Грција. Од денес достапни медиумски објави, но и од проспектот на „Вебер Шендвик„ (извадоци имате во прилог во галеријата слики!), знаеме дека месечните оброци кон американската лоби куќа изнесувале најмалку 32.000 американски долари, а кон европската лоби куќа било плаќано и по неколку стотини илјади евра од буџетот на РМ (види прилог).

Од денешна перспектива јасно се заклучува дека Милошоски и Колоски манифестирале евро/доларски кеш патриотизам за продавање на „чист македонски воздух„ во лименка од кока кола, оти ефектите од нивните кампањи преку двете реномирани лоби куќи се еднакви на нула. Не толку заради неспособноста на двете лоби куќи, колку поради паралелното терање на кампања „НЕ У ЕУ!„ и перманентното опструирање на преговорите за решавање на спорот околу името со Грција, токму од македонска страна. Со откривање на низа докази за инволвираноста на Антонио Милошоски во овие опструкции, станува јасно дека ангажманот на „Вебер Шендвик„ и „Квин Гилеспи„ од страна на Антонио Милошоски, со потпис на Никола Груевски и посредништво на измамникот и мешетарот Мето Колоски, бил само да се исцица огромен кеш од буџетот за плаќање на фактурите на лоби куќите, за никаква работа. Од проспектот на „Вебер Шендвик„ јасно се чита дека Мето Колоски и ОМД посредуваат во овој патриотски кеш инженеринг измислен за лесна заработка.
Од своја страна, Мето Колоски лаже дека нема врска со Антонио Милошоски и со двете лоби куќи. За да го соочам со тие лаги, уште додека Милошоски беше министер за надворешни работи си обезбедив докази за посредништво за провизија на Мето Колоски и ОМД. Потоа му испратив и прашања по маил за да видам дали ќе лаже. Еве ги прашањата и неговите одговори:

Господине Колоски, какви се Вашите релации со Министерството за надворешни работи и со министерот Антонио Милошоски?

ОМД има одлични односи со МНР и министерот Милошоски. Контактираме повремено преку е-маил и разменуваме мислења за работи поврзани со македонската дијаспора. Имавме слични контакти и со г. Илинка Митрева додека таа беше на истата позиција. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму со министерот Милошоски и во иднина. Според нас, министерот има план како да ја ангажира дијаспората и ние го поддржуваме овој план.


Дали Вие лично имате некаква (било каква!?) улога во определувањето на актуелната Влада на кои лоби куќи (фирми!) ќе им го препушти лобирањето за Македонија во Вашингтон и Брисел?

Не, ние немаме никаква директна улога. Низ разговор сме одговориле на прашања што мислиме за повеќе организации во Вашингтон од проста причина што ние сме присутни тука, но ние немавме улога ниту пак било какво влијание за тоа кои куќи ќе лобираат за Македонија во Вашингтон. Одлуката ја дознавме од медиумите.


Имате ли било какви врски со лоби фирмите „Квин Гилеспи„ и „Вебер Шендвик„?

Нас ни се познати овие две фирми заради тоа што се доста активни во Вашингтон. „Квин Гилеспи„ е меѓу најдобрите пет фирми во Вашингтон, а „Вебер Шендвик„ ја доби наградата 2005 European Consultants Firm of the Year“, како една од најдобрите ПР фирми во светот па привлече доста внимание. Но, пак ќе повторам, ние немавме никаква улога нити пак имаме релации со ниту една од овие две фирми.
НАПОМЕНУВАМ повторно дека Мето Колоски кога одговара на овие мои прашања и ми ги испраќа по маил, ПОИМ НЕМА ДЕКА ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА ЛАЖЕ т. е. дека го имам проспектот на „Вебер Шендвик„ во кој јасно пишува дека е посредник помеѓу нив и македонската Влада. Во тој момент, а и до сега кога го чита овој текст, Мето Колоски поим нема дека имам негови маил преписки со Антонио Милошоски и директорот на „Вебер Шендвик„, кои до мене ги испрати дел од неговите соработници кои не беа задоволни од неисплата на нивната заработка од сработеното во ОМД. Имено, Мето Колоски милува да лаже и да манипулира, да не ја кажува фактичката состојба и да не прикажува прилив на пари. Поради ова, неговите соработници ми го доставија уште тогаш (јануари 2007.) проспектот на Вебер Шендвик„ кој се однесува на посредништвото на Колоски меѓу „Вебер Шендвик„ и македонската Влада, која е нарачател на „услуги„. Па така, иако мене Колоски ми тврди дека врска нема со оваа работа, сепак од неговата маил комуникација со Милошоски и Роберто Ферињо, директор на оваа лоби куќа, читаме нешто сосема друго. Во оваа маил порака до Ферињо, манипулаторот Колоски му објаснува дека бил во Македонија и се сретнал со Груевски и Милошоски и со тогашниот државен секретар во МНР и дека на Милошоски му препорачал да не објавува тендер за оваа работа и дека е најдобро да се потпише договор со „Вебер и Шендвик„ со непосредна спогодба. Уште згора Колоски нагласува и дека неговата фирма и жиро сметките се подготвени за реализација на финансискиот аранжман. Маил пораката ја имате во прилог на овој текст, како и маил пораката до Антонио Милошоски на оваа тема во која Колоски му дава инструкции на министерот во тоа време како да се однесува и што да прави за бизнисот да успее и тарифата да им донесе кеш… ДОКАЗ ДЕКА СЕТО ОВА Е ВИСТИНА Е ПОДОЦНЕЖНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ ВЛАДАТА И ЛОБИ КУЌИТЕ „ВЕБЕР ШЕНДВИК„ И „КВИН ГИЛЕСПИ„, ПОТПИШАН СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА И БЕЗ ТЕНДЕР!!!

Договорите беа потпишани на почеток на 2007. година и за лобирање на овие две лоби куќи им се исплатувани редовно, на месечно ниво, фактури од кои боли глава. На сите исплатени пари од буџетот на РМ, провизија имаат Мето Колоски како посредник и Антонио Милошоски како одобрувач на лоби кампањите како неопходни и крајно корисни…

Извор : БуреВесник