(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОТКАКО ИМ ЈА ПОКАЧИ ПЕНЗИЈАТА ЗА 1.700 ДЕНАРИ КАКО ЕКС ПРЕМИЕР, ЗАЕВ СЕДНА ДА ИГРА ШАХ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ТЕТОВО

0
1128

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев учествуваше на средба со Здружението на пензионери од Тетово на која на отворена дебата се дискутираше за спроведените мерки кои се значајни за пензионерите.

Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии, рече претседателот Заев.

Заев најави дека веќе од понеделник, со исплатата на јануарската пензија над 320.000 пензионери ќе зимаат дополнително 700 денари на нивната пензија.

За три години просечната пензија ја зголемивме за над 1.700 денари, со последното покачување, просечната пензија изнесува 15.500 денари, тоа е вистинска грижа, тоа е доказ дека сме чесни и одговорни истакна Заев.

Претседателот Заев потенцираше и низа други мерки од кои пензионерите имаат најголеми придобивки меѓу кои една од најважните е укинувањето на квотите за лекови со што сега пензионерите можат секој ден, во која било аптека да дојдат до соодветниот лек.

Ние како млади политичири сме тука да учиме од Вас поискусните, рече Заев. Ги исполнивме најважните стратешки цели, де факто сме 30та членка на НАТО и сме пред почеток на отпочнување на преговорите со ЕУ.  Имаме безбедна земја во која војни, тензии и уцени се мислени именки. Имаме економски стабилна земја, земја во која младите вреди да останат, заклучи Заев, додавајќи дека за сите пензионери нивните деца и внуци се најголемо богатство.