ПЛЕНКОВИЌ ЗА НАПАДОТ НА СРПСКИТЕ ПАРАВОЕНИ ЕДИНИЦИ НА КОСОВО : ОВА НЕ СМЕЕ ДА ОСТАНЕ НЕОДГОВОРЕНО!

0
309

Албанскиот премиер Еди Рама и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ остро го осудија насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „херојство“ од Белград, повикувајќи на мерки на ЕУ и на Западот против Србија поради тоа.За време на официјалната посета на Загреб, Рама на конференцијата рече дека агресијата на паравоените сили е загрижувачка колку и реакцијата на Белград.

„Имаме злосторство, убиство на полицаец и имаме хероизација на оние кои го извршија“, рече албанскиот премиер, нагласувајќи дека тоа не смее да биде прифатливо во Европа, која има спротивни вредности.Пленковиќ нагласи дека овие потези „не можат да останат неодговорени“ и дека одлуката на Белград на денот на жалост „речиси имплицира поистоветување со она што се случило“.Тој нагласи дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе даде предлози за мерки.Хрватскиот премиер истакна дека е сигурен оти мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат „без губење време“.