(ВИДЕО) ИРЕНА СТЕРЈОВСКА ЛОКВЕНЕЦ : Се гради ли хотел во градскиот пазар без истиот да е предвиден во урбанистичките планови?

0
1756

Башибозукот кој ја тероризира Македонија, а е наречен СДСМ не го одминува ниту Прилеп.

За Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, очигледно повеќе не се важни ветувањата за нов живот, туку нивните лични интереси и интересите на нивните партиски функционери.

Мегаломанските ветувања се претворија во мегаломански лаги, а од така наречената програма за нов живот во Прилеп единствено никнуваат нови сомнителни објекти, се распишуваат милионски нереални тендери за набавки и се појавуваат нови сомнежи за корупција и криминал.

Веќе еднаш прашавме, но не добивме одговор, па затоа одново го прашуваме градоначалникот Јованоски:

Која фирма гради хотел во градскиот пазар во Прилеп?

Дали е вистина дека изградба на ваков тип на објект не е предивден со урбанистичките планови на општината?

Како и на кој начин доделувате дозволи за вакви градби и дали можеби вие лично имате интерес од ваков објект?

Ако сте заборавиле ќе ве потсетиме што ветувавте за градскиот пазар во вашата изборна програма.

Ветивте изградба на модерен комплекс, односно затворен пазар со затоплување и ладење, каде приоритет ќе имаат пазарџиите.

Па ве прашуваме каков приоритет ќе имаат пазарџиите од хотелски апартмани, освен доколку не им ги издавате бесплатно да одмараат во текот на денот?

Покрај тоа ветивте изградба на подземна сообраќајница, како и посебен подземен паркинг во пазарот.

Добро би било наместо ваков крупен залак кој тешко дека можете да го реализирате, за почеток да поставите подземни контејнери насекаде низ центарот на Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите ваши постапки кои се обидувате да ги скриете од очите на јавноста.

Граѓаните очекуваат одговори и мораат да ја знаат вистината!