ЧОВЕКОТ ШТО Е ОБВИНЕТ ЗА КРИМИНАЛ ВО ЈСП ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА – ЈАНУШЕВ : СИТЕ ШТО СТЕ ПРАВЕЛЕ КРИМИНАЛ ЌЕ ВЕ ЗАТВОРИМЕ!

0
690

Игор Јанушев од ВМРО-ДПНЕ денеска од собраниската седница упати низа обвинувања кон владејачката СДСМ, додавајќи дека сите кои правеле некаков криминал – ќе бидат затворени. Притоа, тој оваа Влада ја нарече Топ шоп Влада и дека со нивно владеење се живее многу тешко во Македонија.
„Ова е „Топ шоп“ Влада. Секогаш кога очекувате дека не може полошо, тие изненадуваат и добивате уште полошо. Тешко се живее во Македонија со оваа неспособна власт. Никаков предлог не слушнавме од овие криминалци на власт. Нема да не уценувате. Сите што сте правеле криминал, ќе ве затвориме“, рече Јанушев.

Обвинителството ги сомничи Миле Јанакиески, Игор Јанушев и уште двајца вработени во Министерството за транспорт дека ја искористиле својата службена положба и спротивно на Законот за јавни набавки ја фаворизирале кинеската фирма со која подоцна бил склучен договорот за набавка на 202 автобуси, а штетата по државниот буџет се проценува на скоро 5 милиони евра. Според обвинителството, кинезите немале доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет како што било пропишано во тендерската документација.

-Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.7 милиони евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него, велат од ОЈОГОКК.
Истрагата за овој случај под кодно име Дизајн ја отвори поранешното СЈО а ја водеше обвинителката Лиле Стефанова која во април премина во Организиран криминал. Јанушев за Канал 5 вели дека случајот е монтиран.