ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД ПРЕТРЕСОТ НА „ТАБАНОВЦЕ“: ИМ НАШЛЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПАРИ КРИЕЛЕ И ВО ЧОРАПИТЕ

0
464

Вкупно 12 лица добија кривични пријави од МВР како осомничени дека се дел од групата службеници вработени на „Табановце“ кои земале поткуп од лица кои ја минувале државната граница, соопшти МВР за акцијата која почна да се спроведува во неделата вечерта. Тие се сомничат за делата злосторничко здружување, примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување. Деветмина од нив се приведени Според сознанијата на МВР, групата организирано оперирала повеќе од две години, поточно од септември од 2020 година. Сите се вработени во полициската станица за гранични проверки „Табановце“, еден од нив е командир, друг е заменик-командир, еден раководител на смена, а останатите се полициски службеници и секој од нив имал точно определена улога. Сите се од Куманово, освен еден кој е од Кратово, а се на возраст од 23 до 47 години.