Честитка од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски до припадниците од исламска вероисповед, по повод почетокот на Рамазан

0
1037

На почетокот на Рамазан, најсветиот месец за верниците од исламска вероисповед, на сите муслимани им посакувам многу здравје, мир, радост и благосостојба во нивните домови и семејства.

Рамазан, месецот на духовното и телесното прочистување, месецот на милоста и простувањето, нека биде поттик да ги негуваме и унапредуваме универзалните човечки вредностимеѓусебното почитување, помагањето, солидарностахуманостамилосрдието.

Со молитви за здравје, среќа и благосостојба од своите домови, заедно да ги надминеме сите премрежја и искушенија пред кои сме исправени во овие времиња на пандемија од вирусот КОВИД-19.

На сите вас – верниците од исламска вероисповед ви посакувам лесни пости,  деновите на благословениот месец Рамазан да ги поминете во добро здравје, исполнети со семејна љубов, душевен мир и хармонија.