СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста со непостоечки случаи, државната помош е достапна за сите кои исполнуваат критериуми

0
702

ВМРО-ДПМНЕ си останува заглавена во својата матрица на лажни вести, деструкција, очајни обиди за манипулација и продолжува да ја замајува јавноста со непостоечки случаи.

Во екот на пандемијата со коронавирусот, кога државата неуморно работи на подобрување на здравствениот систем и намалување на економските последици, ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту една мерка за помош, туку напротив, се противеше на помошта за работниците, се обидуваше да ја опстурира помошта.

ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека државна помош, како дел од антикризните мерки добиваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Критериумите за државната помош се јасни: секоја фирма која имала пад од 30 % од добивката добива државна помош под услов парите да ги префрли на работниците и истите да не бидат отпушени.

Ако компанијата оствари добивка, ќе ги врати парите кои ги добила како државна помош и ова се критериуми кои важат за сите правни лица кои добиле државна помош.

Со оваа мерка за време на кризата со коронавирусот се спасија илјадници работни места, особено во секторите кои беа први на удар на кризата.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тие се навикнати на селективни мерки, на поделби по сите основи и делење на народните пари во белата палата.

Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да се посветат на внатрешните реформи, да престанат да ја манипулираат јавноста и да ја модернизираат партијата во контструктивна опозиција, наместо да бидат фејк-њуз партија.