УШТЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ПРВО ПА МАШКО – СПАСОВСКИ НЕМА МИЛОСТ : УТРОВО ОД СТРАНА НА МВР РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ЌЕЛИЈА ВО КУМАНОВО

0
1098

Разбиена терористичка група во Куманово на првиот ден на министерувањето на Оливер Спасовски, објави Канал 5 повикувајќи се на добро информирани извори.

Очигледно дека се остваруваат најавите за пресметка со секаков вид на криминал, па и најопасниот, тероризмот. Утринава полицијата извршила три претреси во Куманово и еден во Скопје и привела тројца кумановци- припадници на ИСИС, кои порано се бореле на боиштата во Сирија, а подолг период се вратени во Македонија со цел регрутирање на нови кадри, но и изведување на напади за потребите на оваа терористичка организација.

Тие набавиле огромна количина оружје и воена опрема, а полицијата пронашла автоматски пушки и друго оружје, експлозив, елеци за самоубиствени напади, знамиња на ИСИС…Од МВР за Канал 5 засега потврдуваат само дека има три приведени лица, но без дополнителни детали.