Обвинителството не го истражува летањето на пиштолот на Мијалков

0
953

Јавното обвинителство не го истражува случајот кога ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, внел пиштол во авион, затоа што тврди дека тоа е дело сторено во друга држава, објави Телма.

Од Основното јавно обвинителство за ТВ Телма изјавиле дека од Србија немаат добиено известување за тој настан и дека согласно законските прописи, надлежноста за евентуално поведување постапка ја имаат органите на таа држава.

Но, не сите се согласуваат со таа теза на обвинителството, со оглед на тоа што пиштолот е внесен во авион на аеродромот во Скопје.