ЦУК : ДЕНЕСКА ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ НА МАРКОВА РЕКА ВО НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО, НЕМА ПОВЕЌЕ СМЕШНИ МЕМИЊА НА РУСКИТЕ ТВИТЕР БОТОВИ

0
575

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ве информира дека денеска заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево од страна на институциите на Град Скопје, со главен носител на активностите ЈП „Улица и Патишта“ во координација и со други институции. Конкретно, како што и граѓаните ни јавија, после пладне, по околу 13.00 часот, целосно е пуштен сообраќајот, во двете насоки на патот, бидејќи заради градежните работи беше затворен  сообраќајот преку мостот се до завршување на санацијата.

Практично, како што ги известивме граѓаните – возачите имаа две времени решенија да се движат додека траеше санацијата: едно – преку населеното место Горно Лисиче и второ – преку наеленото место Батинци, се разбира, во соработка со институците ангажирани за санација на мостот. За време на викендов се реализира проектот за целосно санирање на оштетувањето на армирано бетонската плоча, со брзоврзувачки материјали на цементна основа. Тие материјали и постапка, според достапнтие информации информации, овозможат поставување на асфалтот за само 16 часа после реконструкцијата на коловозната армирано бетонската плоча. Санацијата се заврши за два дена, односно за помалку од 24 часа, според  планираното – до поставување на асфалтната маса, а за тоа време беше оргнизиран сообраќај по двата заобиколни правца, што беа ги посочени, за што граѓаните беа благовремено известени пред два дена.

Истовремено, ЦУК се заблагодарува на брзата реакција на службите на Градот Скопје и ЈП Улици и Патишта за реализацијата на санацијата на мостот во предвидените рокови. Фотографијата со оваа вест бележи момент непосредно по пуштањето на сообраќајот на сега веќе поправениот мост на Маркова Река кај скопскта населба „Драчево“.