ТРЕНЧЕВСКА : ПОТВРДЕНА Е СИЛНАТА ПОДДРШКА НА УНИЦЕФ ВО АКТИВНОСТИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО

0
326

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и претставници од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. На средбата дискусијата беше со фокус на детската заштита. Отворени беа теми за Детската гаранција, стратегијата за родителство како важен документ кој придонесува во развојот на децата и новата кампања на Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ за промоција на менталното здравје кај младите – Walk and talk.

На средбата Тренчевска ја истакна важноста на Европската детска гаранција како механизам на Европската Унија кој има за цел да ја спречи социјалната исклученост на децата, но и да се бори против неа. Таа објасни дека ваквата цел се остварува преку гарантирање на пристап до збир на клучни основни социјални услуги.

Беше отворена и темата за новите активности кои ќе започнат од месец Октомври. Целта на активностите кои ќе се спроведуваат во 16 различни градови во државата е подигање на свеста кај младите за менталното здравје.

На крајот од средбата претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани ја искажа нејзината силна поддршка кон министерката Тренчевска на сите полиња на кои што работи Министерството за труд и социјална политика.