СДСМ : УЧЕСНИЦИТЕ НА 27-МИ АПРИЛ СЕ НАСИЛНИЦИ, А НЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ КАКО ШТО ВЕЛАТ СИЛЈАНОВСКА И МИЦКОСКИ

0
55
ДПМНЕ наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, за крвавиот четврток, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители.
Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, како што велат Силјановска и Мицкоски.
Не може насилниците,  што се обидоа да го суспендираат Уставот, на тој крвав ден, точно пред седум години, да бидат уставобранители.
Поттикнати од ДПМНЕ, тие со насилство го бранеа режимот, а не Уставот.
Со огнено оружје и метални палки насилниците, ги бранеа криминалите на ДПМНЕ, ја бранеа заробената држава, сваровски судството, купените медиуми, узурпираните институции, тендерите и провизиите, за да може од Белата палата да продолжат да јадат чоколадо, а да нема ни за леб, да продолжат да ги тепаат студентите, да затвораат медуми и новинари, да организираат спектакуларни апсења, да нарачуваат пресуди по телефон, да увезуваат гласачи од Пустец и грчки песок, да ставаат уште споменици и мермер од стиропор, да сеат раздор и поделби меѓу граѓаните.
Насилници никогаш нема да бидат уставобранители.
Слободата и демократијата, кои СДСМ ги врати, се скапоцени, 27 април не смее да се заборави, не смее да се повтори.