МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО ИДНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ : НЕМА ЕУФОРИЈА, АРОГАНЦИЈА, ОСТАВЕТЕ БЕЛ ОБРАЗ, БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ И ЧЕСНИ ИНАКУ ВО СПРОТИВНО ЌЕ СЕ СООЧИТЕ СО ОВОЈ НАРОД ПОВТОРНО

0
185

„Никогаш не го заборавајте овој народ. Овој народ испиша историја. Со истрајност и верба го победи криминалот и корупцијата. Овој народ си ја врати повторно Македонија.

Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори. Оставете бел образ, бидете одговорни и чесни. Ќе се соочите со овој народ повторно, немојте ни на крај памет да ви текне да го потцените овој народ. Нема еуфорија, ароганција. Нема да е лесно, има многу предизвици. Доста е со деновите кога една влада служеше само на поединци“.

Изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својата прес-конференција по изборните резултати на парламентарните и претседателски избори.