СО НОВ ЗАКОН ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ОБЈЕКТИ И ВО СЛЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ, НУРЕДИНИ: ЌЕ ИМ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КУЌИ НА ПОПОВА ШАПКА ДА ГИ ЛЕГАЛИЗИРААТ И ДА ГО РАЗВИВАМЕ ТУРИЗМОТ СО ИНФРАСТРУКТУРА

0
1034

На Попова Шапка има регистрирано околу 90 викенд-куќи кои се нелегално изградени и со новиот закон за легализација на дивоградби ќе можат да се легализираат.

“Тие кои што се наоѓаат во зона за одржливо користење и заштитениот појас на подрачјето може да се легализираат. Нормално дека Попова Шапка е во заштитениот појас бидејќи ние имаме студии со кои ќе се развие Попова Шапка да биде еден ски-центар и да имаме добра инфраструктура таму за туризмот” – рече Нуредини на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Општина Тетово треба да заведе точно колку дивоградби има и потоа да можат да се легализираат.

Со овој закон ќе се легализира тоа што во стварноста постои но да не се дозволи понатамошна изградба на објекти во заштитени зони.

“Како што кажа и министерот Бочварски ќе имаат шест месеци време да ги легализираат и мислам ние како Влада и сите локални власти, ако не легализираат тоа што сега можат, после тоа да рушат” – рече Нуредини.