МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДЕНЕС ПРИСУСТВУВАА НА 70 ГОДИШННА ОД ФОРМИРАЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
823
Денеска, во НУ Музеј на македонска борба, присуствував на свеченоста по повод 70 години од формирањето на Државниот архив на Република Северна Македонија.
Во 1951 година Народното собрание на НР Македонија го усвоило Законот за државните архиви со кој било поставено создавањето на тогашниот Државен архив на НР Македонија, а кој низ седумте децении се востанови како еден од столбовите на македонската државност и извор на колективната меморија за културно-историското наследство на државата.

Државниот архив денес е современа архивска институција во која се чуваат 7.769 архивски фондови, речиси 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво микрофилмуван архивски материјал, а се интензивира и дигитализацијата на историските фондови.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.