ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША: НАСКОРО ЌЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ЗАЕДНИЧКА МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА СО СЛОВЕНИЈА

0
571

“Взаемната соработка и поддршка помеѓу Северна Македонија и Словенија е влог во нашата европска иднина. На маргините на Самитот на НАТО во Брисел имав средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, на која пренесов благодарност за континуираната поддршка од Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони.

Изразивме обостран интерес да ги забрзаме подготовките и за првата меѓувладина седница на двете земји, која ќе поттикне развој на економските врски, како и подинамична соработка на деловните заедници од Северна Македонија и Словенија.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ