ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ЈА ОБВИНИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСТАПУВАЊЕ ЗА СЛУЧАЈОТ ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ” И ЈА НЕГИРАШЕ ВИНАТА

0
591

Професорката и поранешна пратеничка Фросина Ременски денеска во судница истакна дека не е виновна и дека постапката за случајот “Меѓународен сојуз” не е водена според законот.

-Наводите дека сум била угледна личност не се доволен доказ за да бидам обвинета. Судот не ги зел во предност сите учесници во овој процес и нивните врски со многу институции на локално и државно ниво. Силјан Мицевски на прашање пред бранителот, одговори дека “Фросина Ременски и Александар Кирацовски не влијаеле врз никој, ниту таа ја договорала цената на овој договор“, рече Ременски во својот завршен збор.

Таа вели дека ниту договарала, ниту преговарала и дека не е автор ниту потписник на договорот за изградба на старечки дом.

-Јасно се гледа дека со ниту еден доказ, ниту една изјава не е посочено дејствие од моја страна кое би одело во прилог на обвинението. Напротив, излегува спротивното, истакна Ременски.

Таа ја обвини обвинителката Ивана Трајчева за злоупотреба на службената положба, истакнувајќи дека се обидува да симулира кривично дело.