ЗАЕВ ОД ДУЕЛОТ ВО МТВ : Следуваат големи инвестиции во македонската економија, имаме реална програма за реален развој

0
1568
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во дуелот со Христијан Мицкоски најави конкретни големи инвестиции кои треба да се случат во следниот период.
„Еколог, македонската компанија етаблирана меѓународно, 300 милиони евра инвестиција согласно законот за стратешки инестиции, Блек стоун за Драјпорт меѓу Велес и Демир Капија, со индустриска зона, каде ќе се менаџираат сите стоки од пристаништето од Солун, поради поевтин складиштен простор, ИКЕА наскоро ќе инвестира во Македонија, Фреш фуд партнерот на КФЦ, кој што прави во 10 града инвестиции во домашно македонско пиле, огромна инвестиција поголема од 100 милиони евра“, најави претседателот Заев.
Заев најави и СДСМ најавува капитални инвестиции од 2 милијарди, во наредните 4 години.
„Ова е реална програма и граѓаните тоа го знаат и затоа ќе гласаат за бројот 3“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во дуелот со Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.