ФРЛЕНИ АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ НА УЛИЦА ВО КАРПОШ

0
525

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје утрово известува за непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми, од страна на непознати сторители, на улицата „Никола Парапунов“ во скопската општина Карпош.

– Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП „Комунална хигиена“- Скопје нема надлежност за собирање и транспорт на овој тип на отпад, вели Косана Мазнева Николиќ, директорката на претпријатието во писмена изјава.

Од претпријатието апелираат граѓаните ваквиот тип на отпад да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје.