ЛАГА Е ДЕКА СУМ СЕ ТЕПАЛ, ИМАШЕ САМО НЕДОРАЗБИРАЊЕ , ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ПАНОВСКИ

0
694

И полицијата го потврди инцидентот пред дискотеката и соопшти дека биле повикани двајцата директори во полиција а градначалникот Јанчев во изјави за медиумите најави дека од понеделник ќе ги разреши и го осуди инцидентот, Видеото од тепачката се споделуваше на социјалните мрежи, неколку медиуми го објавија но подоцна веројатно заради интервенција истото беше повлечено.

Во инцидентот кој се случил вчера во утринските часови 1 час по полноќ како што беше објавено учествувале  директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П.

-Јас Сашко Пановски,под целосна материјална и морална одговорност,во врска со настанот во Дискотеката Централ,случен на ден 10.06.2023 околу 01.40 часот,после изнесените лажни обвинувања изнесени во текст на едно снимено видео на социјалните мрежи, врз основа на кое се конструирани и изнесени текстуални невистини и лаги, чувствувам за потреба и морална обврска од мое лично име да ја запознаам јавноста што точно се случи.

Имено, после прославата на Патрониот празникот,се упативме во Дискотеката Централ, при што на влезот во дискотеката не знам од кој причини дојде до вербален конфликт со лицата од обезбедувањето на дискотеката и јас се најдов на лице место при што се обидов да го решиме целото недоразбирање помегу нас и обезбедувањето Значи сакам да појаснам дека јас не учествував во никаква тепачка со било кого,бидејки немаше никаква тепачка и сето ова се измислици. Во контекст на тоа можете да го погледнете видеото и да се уверите во истото.

Заради граѓанска должност истата вечер иако не бев приведен во ПС Кавадарци,самостојно се пријавив со цел да дадам појаснување и известување за целиот настан. Значи не знам од кои причини се води хајка против нас од настанот,врз основа на едно снимено видео ,преку кое текстуално се изнесуваат невистини и толкувања на истото со цел да се наштети на угледот и честа- стои во објавата на Пановски.