СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА ЗА ОБУКА НА ОРОРСМ НА СТРЕЛИШТЕТО НА АРМИЈАТА “ДОЛНО ОРИЗАРИ” И КАСАРНАТА ВЕЛЕС СЕ ОДРЖА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО ГАЃАЊЕ СО ПИШТОЛ 7,62ММ

0
476

Денес, согласно програмата за обука на ОРОРСМ во 2023 година на стрелиштето на Армијата “Долно Оризари” и касарната во Велес се одржа државен натпревар во гаѓање со пиштол 7,62 мм.

На стотината учесници на натпреварот им се обрати и ги поздрави командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански, кој воедно им посака успешен и безбеден тек на натпреварот.

На натпреварот во екипен пласман првото место го освои Кичево, второто Скопје и третото Виница, додека поединечно првото место го освои Живко Ѓорѓиоски од Кичево, второто Рубин Секулоски од Прилеп и третото Александар Томески од Кичево. Во женска конкуренција првото место го освои Гордана Јањич од Скопје, Елизабета Георгиева од Виница е Елена Којунџиева од Гевгелија.

Признанијата за освоени прво, второ и трето место поединечно во машка и женска конкуренција ги врачи командантот на КОД, полковник Васко Коколански, додека признанијата за освоени прво, второ и трето место екипно ги врачи претседателот на ОРОРСМ д-р Гоце Георгиев.