(ВИДЕО) Генерал Ангелов : 20 години од почетокот на конфликтот во 2001-та, прекраен гест на вице премиерот Артан Груби што се поклони пред споменикот на Тигрите

0
1378

Да, Македонија е наша заедничка татковина на сите граѓани независно од етничката, верската, политичката и секаква друга припадност.

Вака Стојанче Ангелов сега претседател на политичката партија,, Достоинство“ тогаш и самиот учесник во воениот конфликт, ги меморирал настаните од тој 14-ти март пред две децении кога од Тетовското кале се слушнаа првите истрели од огнено оружје за , според едни, човекови права на Албанците , според други за територија.

Овие две гледишта и натаму опстојуваат во јавноста, науката и воената доктрина никогаш не ги дефинира настаните од две илјади и првата, кои однесоа жртви на двете страни, исто толку трауми и донесе разнишана доверба која се ревитализира и денеска. Дваесет години подоцна Ангелов вели мора да се чува споменот на загинатите и повредените но да не ја храниме омразата во сегашноста за да немаме омраза во иднината.

Испровоциран од соопштението на ветераните од поранешната ОВК , Ангелов вели дваесет години подоцна треба се почесто да се разговара за тие настани, да се остави науката да ги формулира збиднувањата без никому да не му се узурпира слободата да ги толкува како што мисли дека е најисправно.

Да, Македонија е наша заедничка татковина на сите граѓани независно од етничката, верската, политичката и секаква друга припадност. Дваесет години од немилите настани во две илјади и првата земјава од корисник стана контрибутор во градењето светски мир преку членството во НАТО. Останува да ја зацврстуваме меѓусебната доверба и да посакуваме било да не се повтори а за тоа сме одговорни сите.