ОВА БЕШЕ И ЗА ОЧЕКУВАЊЕ: ГРУЕВЦИ И ПЛАТИЛЕ НА ХРВАТСКАТА ЕВРОПРАТЕНИЧКА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ЗА БРАНЕЊЕ НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ!

0
2463

Поранешната евро пратеничка и голем македонски лобист во стариот состав на Европскиот Парламент, Маријана Петир во својот имотен лист пријавила штедни влогови во вредност од околу 700 илјади евра.

Злобниците би рекле: не било толку неисплатливо да се лобира за ВМРО ДПМНЕ!? Таа со свои изјави ги бранеше тврдите поции на Груевски во спорот со Грција но и на многу други прашања, односот спрема пржонскиот договор и слично, Марија Петир беше како задгранична испостава на ВМРО ДПМНЕ, очигледно од тоа добро се опарила.

Сега независната пратеничка во Хрватскиот Парламент, Маријана Петир, изјави дека го пријавила својот имот во имотната картичка транспарентно и согласно законот.

Се надевам дека и другите го сторија истото. Отсекогаш сум постапувала одговорно и умерено во сè, вклучително и кога станува збор за заштедата и штедењето, вели таа.

Имено, Маријана Петир, која влезе во Собранието на листата на ХДЗ, според имотната картичката што минатата недела ја предаде во Комисијата за одлучување за судир на интереси, успеала да заштеди 811.975 куни и 590.000 евра. Таа успеала да заштеди, како што рече, од сопствената работа, повеќе од пет милиони куни или околу 700 илјади евра.