ФОТО : ИСКРШЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПОРТПАРОЛКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, МАРИЈА МИТЕВА

0
711

Портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева објави дека и’ бил демолиран и искрешен автомобилот.

„Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, напиша Митева на социјалните мрежи.