Пендаровски: Добра мерка е ние кои имаме повисоки плати да бидеме сведени на минималец, а не сите административци

0
1028

Претседателот Стево Пендаровски денеска рече дека предлогот сите функционери да бидат сведени на минималец, но не и сите вработени во администрацијата, е добра мерка.

-Се согласувам со последниот сет на мерки на Владата со кои сите функционери, почнувајќи од мене, ќе земаме минималец. Не беше добра мерката дека сите од највискиот функционер, па се до последниот вработен во администрација да бидат сведени на минималец. Сметам дека е много добра мерката ние кои имаме повисоки примања да бидеме сведени на минималец.
Ако Владата предложи мерка за целосно откажување на платата, јас прв ќе ја поддржам, рече Пендаровски.