Синодот на МПЦ мора да го повлече Петар од Австралија

0
1099

Духовниот тероризам во македонските православни цркви е присутен повеќе од 20 години.

Ниту најстарите македонски жители на Австралија не паметат дека се соочувале со вакви делби, поделби и наделби во македонската-австралиска заедница. Исто така и повеќе од 300 илјади Македонци се загрижени за постојните проблеми кој се појавени во Македонската-австралиска православна епархија.

Повеќето од народот не можат да сватат зошто и кој ги режира сите овие проблеми што се напласнале за изминатите 20 години. Дека тоа е така ќе се послужиме и со некои факти преку кој ќе ја докажеме вистината за причината на најголемиот македонски раскол што ни го зготви и сервира владиката Петар.

Треба да бидеме фер и да кажеме дека Македонците во Австралија до 1996 година колку-толку беа обединети преку црковните општини и други организации. Благодарение на многу познати македонски активисти и лидери беа редовно организирани многубројни игранки, концерти, балови и други друштвени и спортски натпревари од кои приходите беа наменети за разни потреби на македонската заедница. Исто така, често пати беа организирани и добронамерни активности, а приходот беше наменски употребен во Република Македонија и за Македонците во поробените делови.

Целата колумна на Ицо Најдовски – Перин ОВДЕ(МКД.мк)