„ПАДНА“ ГОЛЕМ НАРКО-КАРТЕЛ ВО КОЈ ИМАЛО ДРЖАВЈАНИ НА ЦРНА ГОРА : ЗАПЛЕНЕТ ПОЛОВИНА ТОН КОКАИН

0
748

Кокаин заплена/ Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Вкупно 489 килограми кокаин, четири возила, два чамци, пиштоли и пушки запленила полицијата на Уругвај во акцијата „Виртус“, а како дел од кланот „паднале“ и двајца државјани на Црна Гора. Дрогата стигнала од Боливија и била наменета за европско тло. Покрај Црногорците, уапсени се и државјани на други држави, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународен картел.

Меѓу 15те уапсени има и двајца државјани на Црна Гора осомничени дека се дел од балкански клан, голема мрежа на организиран криминал што делува во Европа, а во неа се и државјани на Србија и Хрватска, пишува Телемундо.Вредноста на дрогата што е запленета се проценува на 15 милиони евра.