(ФОТО + ВИДЕО) НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ ДРЖАВНИК И ЛИДЕР НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: САМО ЗОРАН ЗАЕВ ЗНАЕ КАКО ЛИ СЕ ЧУВСТВУВАЛ ДЕНЕСКА ВО ДРУШТВО НА КАРАКАЧАНОВ ВО СРЕД СОФИЈА ПО НЕГОВИТЕ БЛЕСАВИ НАВРЕДЛИВИ ЗАКАНИ И ИЗЈАВИ

0
2123

Пристигнавме во Софија за да учествуваме на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот регион ги ставаат поблиску до членството во ЕУ.

Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан.

И во оваа прилика посебна благодарност упатуваме и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и на СР Германија, од кои континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и на регионалната соработка.