Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

ЗАЕВ: ГЕРЕСХАЈМЕР КАКО НОВА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ВРАБОТИ 400 ЛУЃЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

“Инвестицијата на Гересхајмер е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нѐ става на мапата на производители на медицински амбалажи што се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само дел од севкупните планови за инвестирање на Гересхајмер. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 работни места, а компанијата има сериозни планови и за натамошно проширување” – изјави премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на фабриката, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Премиерот Заев истакна дека ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија е избрана како поволна бизнис-дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО што значи зголемена сигурност, стабилност и атрактивност за странските инвестиции.

“Компанијата Гересхајмер најавува и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцови за медицински цели. Ова ќе биде најголема поединечна инвестиција во историјата на Северна Македонија од областа на медицината и фармацијата” – изјави премиерот Заев и додаде дека висококвалификуваниот кадар на компанијата, претежно инженери, имаат двојно повисоки плати од просечната.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ