ФОРМИРАНА АНТИ ФАШИСТИЧКАТА И БЕЗБЕДНОСНА ДВОЈКА ВО БЈБ И УБК : Велковски и Николовски се новите директори на БЈБ и УБК

0
2820

Нови директори во МВР ќе бидат Лазе Велковски во Бирото за јавната безбедност и Горан Николовски во тајната служба УБК. Извори за Телма потврдија дека тоа е предлогот кој согласно законот до влада го доставил и потпишал министерот Оливер Спасовски. Тој пак само потврди дека има предлог за денешната седница на влада, но не сакаше да каже имиња.

Лазе Велковски во два наврати додека Спасовски го водеше МВР беше на чело на СВР Скопје. Велковски беше и дел од кабинетот на министерот Агим Нухиу. Најголемиот дел од кариерата го поминува во МВР, но неколку години беше на должност и во Агенцијата за разузнавање одкаде е вратен во МВР кога Спасовски стана министер.

Во предизборниот период во 2011-та година, МВР соопшти дека Велковски како вработен во Агенцијата за разузнавање го пријавил нападот со шише врз автомобилот со кој Радмила Шекеринска се враќала од мистинг во Прилеп. Под бирото за јавна безбедност спаѓаат униформираните полициски единици, централните полициски служби во која спаѓаат специјалците, хеликоптерската единица, граничната полиција и заштитата на функционери. Горан Николовски е вработен во УБК каде сега ја врши улогата раководител на одделот за контраразунавање за сектор Балкан.

Николовски доаѓа на местото на Владимир Атанасовски досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразунзвање во чие време беше извршен претрес во просториите за следење на комуникации, а поради одбивање на соработка со СЈО доби пријава и судска парична казна.

За УБК во наредниот период се предвидени и потребни реформи за да се избегне злоупотреба на службата и на системите за следење на комуникации. СЈО води 4 случаи за злоупотреби во Управата за безбедност и контраразунвање. Велковски пак ќе го замени Митко Чавков, кој е се уште директор на Бирото за јавна безбедност, но користи одмор и се очекува да замине во пензија иако извештајот на работната група на МВР откри негови огромни пропусти при собраниските инциденти на 27-ми април.

Двајцата поранешни директори Чавков и Атанасовски не дојдоа кога на први јуни функцијата министер ја презеде Оливер Спасовски. Николовски новиот директор на УБК ретко се појавувал на јавни настани во МВР, додека Велковски беше и на примопредавањето на министерската позиција и денеска кога МВР доби донација од милион евра од Чешката Република за помош на граничната полиција во справување со бегалската состојба и со азилот.