БЕРЕТЕ ПАМЕТ НАВРЕМЕ ЗА ВАШЕ ДОБРО, ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ГИ КОСИ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕ НАД 85% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И НАД 91% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ, ОСТАНАТИТЕ ИМААТ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

0
829

Министерството за здравство објави дека над 85% од новите случаи и над 91% од хоспитализираните се невакцинирани. За последниов период од две недели, од 06.08 до 19.08.2021, на територијата на државата 9881 граѓанин се позитивни од тестираните за корона. Од нив 1507 биле целосно вакцинирани или околу 15%.

“Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само 9 лица односно 8% примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања” – велат од МЗ.

“Секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Сарс-Ков-2” – објавија од МЗ.