ЗАЕВ НИ ГИ РУШИ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЗИЦИИ, МИЦКОСКИ ОБВИНУВА: БАРАМ ДЕБАТА СО ЗАЕВ ЗА ДА СЕ ДОЗНАЕ ЈАВНО ШТО СЕ ПРЕГОВАРА СО БУГАРИЈА НА НАША ШТЕТА

0
877

ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Зоран Заев да прифати дебата со лидерот Христијан Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија далеку од очите на јавноста.

“Заев пред само неколку месеци за бугарски медиуми кажуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека зборуваат ист јазик. Зоран Заев сам ги урна македонските позиции, прифаќајќи ги тезите на најголемите бугарски екстремисти, кои никој политичар во Бугарија не мислел дека постои човек од Македонија кој може тоа да го прифати. Зоран Заев излезе и кажа дека Бугарија во Втората светска војна не била окупатор, туку администратор. Заев излегува свесно во јавноста со овие негаторски тези за Македонија” – тврдат од опозицијата повикувајќи го премиерот да излезе јавно на дебата со Мицкоски и да каже што, како и со кого договара во врска со нашата историја и јазик со Бугарија.

Во преговорите со Бугарија воопшто не се ставени на маса македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.