ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ПРОРАБОТИЈА ПО ГОЛЕМ ПРЕКИН НА СЕРВЕРОТ НА МЕТА

0
311

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се во функција по, како што пренесуваат светските медиуми, веројатно голем прекин на серверот во американската матична компанија Мета.

Корисниците можат повторно да ги вчитаат тие апликации или веб-локации како и обично.

„Свесни сме дека луѓето имаат проблем да пристапат до нашите услуги. Работиме на тоа“, рече портпаролот на Мета, Енди Стоун во објавата на X (поранешен Твитер).

На Фејсбук корисниците беа одјавени и не можеа да се логираат, додека Инстаграм воопшто не работеше.

Интернет страницата за следење на состојбата на онлајн услугите Даундетектор (Downdetector) покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месенџер минатата недела.