КАЕВСКИ : ШЕФОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА МИЦКОСКИ ТЕПА ПОЛИЦАЈЦИ, ВМРО-МВРО НА ДЕЛО

0
277

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портапрол на СДСМ

Почитувани граѓани,

Шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепа полицајци.

Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец!

Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога.

Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога.

Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата.

Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането.

ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице.

Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно.

Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО.

Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски.

Овој скандал мора да биде расчистен целосно.

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.