МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОДАМНА СВЕТСКИ ПРИЗНАТ, МЕТЈУ НИМИЦ: НЕДОРАЗБИРАЊАТА МЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ТРЕБА ДА СЕ РЕШАТ БИЛАТЕРАЛНО И ШТО ПОСКОРО

0
1310

Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц даде интервју за Канал 5 во која што презентираше неговите ставови и размислувања за Балканот. Тој ја појасни и суштината на Преспанскиот договор во кој што не се посегнува по македонскиот јазик како таков.

“Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот, луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав и посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик, би можело да остави впечаток дека има поврзаност со античките Македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазикот. Но тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое тие (Бугарите) сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија” – рече медијаторот Нимиц.

Нимиц беше дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

“Меѓу Грција и Северна Македонија имаше чувства и се’ уште ги има. Луѓето во Северна Македонија се емотивни за тоа но и луѓето во грчкиот регион Македонија се се’ уште емотивни. Не се водите од емоции, но можете да постигнете договор за тоа ако разговарате за тоа, ако го артикулирате тоа со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања” – рече американскиот дипломат Нимиц.

Тој смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да ги надминат проблемите.