КУМАНОВКА ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА, СЕ ОБИДЕЛА ДА ЛЕТА СО ЛАЖЕН ПАСОШ

0
570

Полицијата поднесе кривична пријава против лице од Куманово, се обидела да излезе од земјата со лажен пасош од Хрватска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР велат дека Регоналниот центар за гарнични работи Север поднесе кривична пријава против Т.Г. (29) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

„На осми мај годинава на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола, пријавената на увид приложила фалсификувани хрватски исправи патна исправа, лична карта и возачка дозвола и фалсификуван швајцарски документ за престој, кои ги набавила од лица во Хрватска“, соопшти МВР.