ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ : МОЈОТ ЧИЧКО, БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ, МИ Е МОТИВАЦИЈА, НО НЕМА НИШТО СО МОЈОТ БИЗНИС

0
562

Али Ахмети ми е чичко, но тој нема ништо со мојот бизнис. Нула, тврдеше денеска на прес-конференција неговиот дваесет и петгодишен внук, Дрин Ахмети кој е сопственик на „Тор индустри“, компанија која заедно со албански бизнисмен го купуваат деловниот центар „Соравија“.

– Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно. Горд сум што го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис. Нула. Ова што го прават медиумите сега, прави штета на мојата мрежа на соработници, рече Ахмети.Ахмети денеска на прес-конференција објаснуваше дека тој не го купува сам деловниот центар „Соравија“, туку заедно со албански бизнисмен. Сепак не открија за колку пари ќе го купат деловниот центар.