БОРЕЛ : БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА НЕМА ДА ГО ОДРЕДАТ ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА С МАКЕДОНИЈА СО ЕУ

0
589

Според Борел, нема пречки за пристапот на С Македонија во Унијата.

„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди“,изјавил високиот преставник на Унијата за Бугарското национално радио.

Борел додал дека за спроведување на пристапниот процес, голема важност и улога играат добрата соработка, меѓу кои регионалната соработка и стабилизацијата, но:„Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на пристапување“,вели Жозеп Борел.