ФЕТАИ, КОЦЕВСКИ И РАИЧЕВИЌ ВО ТРКА ЗА МЕСТОТО НА ЈОВЕСКИ : СЕ ЗАТВОРА ОГЛАСОТ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

0
508

Пријавените кандидати треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обивнители, кој во рок од 15 дена треба до Владата да достави позитивно или негативно мислење за секој од нив.Пријавените кандидати треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обивнители, кој во рок од 15 дена треба до Владата да достави позитивно или негативно мислење за секој од нив.

Три кандидатури пристигнале до Собранието за државен јавен обвинител до последниот ден на огласот, а остануваат уште неколку дена во случај некои кандидатури да пристигнат преку пошта. Досега конкурираат Фатиме Фетаи од Вишото скопско обвинителство, Лидија Раичевиќ од Основното обвнителство и Љупчо Коцевски од републичкото јавно обвинителство.Огласот за нов државен обвинител Собранието го распиша на 27 ноември на еден месец пред да му истече мандатот на Љубомир Јовески иако тој уште во септември го извести Собранието дека мандатот му завршува на крајот на декември.

Законот за јавно обивнителство ограничува кој може да стане државен обвинител. За разлика од претходно кога се пријавуваа и адвокати, професори и правобранители сега може да биде именуван само обвинител или судија кривичар со 10 години непрекинат стаж.Фатиме Фетаи е обвинителка од 2011 во ОЈО Скопје. На пошироката јавноста и стана позната откако беше избрана во СЈО. Од април 2021 е во скопското Вишо обвинителство. Лани се пријави и за шеф на ова обвинителсто, но во последен момент се повлече.

Лидија Раичевиќ е обвинителка во ОЈО Скопје од 2003, а еден мандат работеше како обвинител за организиран криминал и корупција. Нејзини попознати предмети се случајот за екс-директорот на Онкологија Нино Васев, за убиството на Пино Секондо, случајот Ровер против Љубе Бошковски и предметот Еразмус.

Љупчо Коцевски бил во адвокатурта 16 години од каде во 2008 е избран за обвинител во Вишо обивнителство Гостивар. Во јануари 2022 е унапреден во републичкото обвинителство.Пријавените кандидати следно треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обивнители кој на барање од Владата во рок од 15 дена треба да даде позитивно или негативно мислење за сите кандидати. Потоа Владата до Собранието предлага еден од кандидатите кој добил позитивно мислење.