МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : НИЕ СМЕ ЛЕВИЧАРСКА ПАРТИЈА, СО НАЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ОД ЦЕНТАРОТ КОН ДЕСНО

0
521

Лидерот на движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ говореше за идеолошките перформанси со кои ќе настапи на политичката сцена на претстојните парламентарни избори.

-Моите ставови се левичарски особено во делот на економските и социјалните политики во државата. Што се однесува до националниот пристап тој оди кон центарот а повремено и десно бидејќи не е забрането некому да биде патриот. Тоа штп некои го изедначуваат патриотизмот со национализам тоа е нивен проблем, а не мој. Моите ставови се дела ние сме Македонци, говориме македонски јазик и имаме сопствена историја- вели Димитриевски.

Димитриевски нагласува дека тие се граѓанска опција која произлегува директно од граѓаните, по иницијатива на граѓаните и дека доколку ја добијат довербата на граѓаните ќе бидат факторот што ќе го постигне националниот консензус како што тоа го постигнале во Куманово, вели Димитриевски за „Слободен печат“.

Целото интервју со Максим Димитриевски погледнете го во продолжение: