АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ И ВО БУГАРИЈА, БОЈКО БОРИСОВ НЕГИРА: НЕ СУМ ДАЛ НАРЕДБА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ, ВЕ ЛАЖАТ КОРНЕЛИЈА НИНОВА И РУМЕН РАДЕВ ОД БСП

0
1136

Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов изјави дека не дал наредба да се прислушкуваат политичарите во земјата, оценувајќи дека тоа според него би било многу погрешно и никогаш не размислувал за тоа.

Борисов смета дека не е формирана редовна влада во Бугарија со цел да се исполнат валканите наредби на Бугарската социјалистичка партија и придружбата на претседателот Румен Радев.

Информацијата за прислушувањето на 32 опозициски политичари дојде од потпретседателот на “Демократска Бугарија”, Атанас Атанасов а вршителот на должност министер за внатрешни работи, Бојко Рашков потврди дека Државната агенција за национална безбедност извршила такво прислушување и ги избришала доказите.

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова повика на откривање на сите факти за прислушувањето.