УСТАВЕН ПРЕСЕЧЕ : СЕ БРИШЕ ГРАФАТА „НАЦИОНАЛНОСТ“ ВО ИЗВОДИТЕ ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИ

0
253

Впишување националност го воведе министерот за правда Кренар Лога кој во мај минатата година објави упатство за матичните служби врз основа на Закон од 1995 година кој беше оспорен од партијата Левица. Летоска Уставниот суд времено ја стопираше примената на упатството на Лога, но немаше мнозинство за да ја донесе одлуката.

Во образложението на судот се наведува дека изјаснување за национална припадност не е должност, туку можност со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност, што за судот е сомнеж дека спротивно на уставот за слободно изразување.